Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
Свет

Регистрирани 18 последователни потреси по силниот земјотрес во Турција

Регистрирани 18 последователни потреси по силниот земјотрес во Турција

Најмалку 18 последователни потреси со магнитуда над 4 се регистрирани по силниот земјотрес што ја погоди јужна Турција рано во понеделникот, соопшти Геолошкиот институт на Соединетите држави (USGS).

USGS соопшти дека регистрирал седум земјотреси со јачина над 5 степени.

Најсилниот последователен потрес досега бил регистриран само 11 минути по првиот земјотрес и бил со јачина од 6,7 степени, соопшти USGS.

Експертите велат дека силните последователни потреси најверојатно ќе продолжат во следните часови, па дури и денови по земјотресот толку силен како оној што Турција го доживеа во понеделникот наутро.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни