Македонија

Регулаторна со подготвителна седница за укинувањето на лиценцата на БЕГ

Регулаторна со подготвителна седница за укинувањето на лиценцата на БЕГ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска има подготвителна седница на која се разгледува Предлог-одлуката за укинување на лиценцата за производство на топлинска енергија на Балкан енерџи груп (БЕГ).

-Се очекува следната недела да се закаже главна седница главна седница на која ќе бидат донесени конечни одлуки за одземање на лиценцата за производство на топлинска енергија на Балкан енерџи груп, изјави за МИА Марина Узунов, портпарол на РКЕ.

Можноста за одземање на лиценцата на БЕГ минатата недела ја најави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни