Македонија

Ременски одговори пред Џафери: Иницијативата за референдум е противуставна

Ременски одговори пред Џафери: Иницијативата за референдум е противуставна

Поранешната потпретседателка на Собранието Фросина Ременски го претрка собранискиот спикер Талат Џафери. Таа попладнево рече дека иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум е противуставна.

„Како поранешен Потпретседател на Собранието на РСМ и дел на Претседателството кое заседавало за многу важни државнички прашања од интерес за иднината на граѓаните и државата имам став околу референдумската иницијатива и правецот во кој треба да се одлучува за истата. Претседателот на Собранието на РСМ, знае дека оваа иницијатива во основа е противуставна и спротивна на стратешките интереси на РСМ дефинирани во временски интервал од 30 години и со надпартиски и наднационален интерес – полноправно членство во ЕУ и НАТО“, вели Ременски.

Таа додава дека Претседателот на Собранието на РСМ е дел од уставниот поредок и еден од повиканите да се грижи за заштита на уставниот поредок и стратешките интереси на државата.

„А тоа значи дека, оценката за целта на иницијатива за референдумско изјаснување на граѓаните против стратешките интереси на државата, националната и регионалната безбедност е одговорност на сите три власти за грижата и заштитата на уставниот поредок и интересите на државата“, додава Ременски.

„Претседателот на Собранието на РСМ нема обврска само формално-правно да ја оценува референдумската иницијатива, туку да навлезе во целите и ефектите од истата, односно да оцени дали периодот, ресурсите, реториката, дејствијата и целиот процес се во прилог на европската иднина, политичката стабилност и стратешките интереси на државата, или пак, билет за партиска мобилизација и тригер за етнонационализам кој ќе не дефокусира од европскиот пат на интеграции“, вели Ременски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни