Соочен со застрашувачко откритие дошол еден човек кој открил дека неговото тело е полно со јајца од тенија , кога рендгенската снимка открила стотици јазли кои личат на зрна ориз.
Се покажа дека овие јазли се цисти, резултат на паразитска инфекција . Докторот Сем Гали од Флорида ја објави застрашувачката слика на социјалните мрежи, опишувајќи ја како една од „најлудите рентген снимки“ што некогаш ги видел.
Според лекарот, цистите се развиле кај пациентот по јадење сурово или недоволно варено свинско месо , кое содржело ларви од тенија . Ларвите, откако ќе навлезат во ткивата на телото, формираат цисти кои можат да гнијат и да предизвикаат инфекции.
Пациентот, чие име не е објавено, не знаел за состојбата и отишол во болница на рендген поради неповрзана повреда од пад.
Шокираниот Гали рече во видеото кое стана вирално и собра околу 15 милиони прегледи: „Тие [цистите] ги има насекаде и тие се безброј, не можете ни да почнете да ги броите сите “ .
Лекарот објасни дека овие цисти можат да се движат на различни делови од телото и дека во овој случај главно „патувале“ до меките ткива на карлицата и нозете на пациентот .
Here’s a video I made breaking down one of the most insane X-Rays I’ve ever seen#FOAMed pic.twitter.com/wp8xtGFTV5
— Sam Ghali, M.D. (@EM_RESUS) January 16, 2025
Инфекцијата со Taenia solium се јавува кога некој консумира јајца од тенија преку контаминирано или сурово свинско месо . Цистите кои се формираат во ткивата на телото предизвикуваат инфекција со цистицеркоза , која е особено опасна кога влијае на мозокот или нервниот систем, во состојба позната како невроцистицеркоза.
Овие јајца може да созреат и во возрасни црви за околу два месеци. Цистицеркозата и невроцистицеркозата се почести во руралните области , главно во Африка, Азија и Латинска Америка.
Д-р Гали истакна дека иако цистицеркозата не е во сите случаи опасна, во некои може да биде фатална . Се проценува дека околу 50 милиони луѓе ширум светот се заразуваат годишно, а околу 50.000 луѓе умираат.
„Моралот на приказната е да се потрудите да останете чисти, секогаш да ги миете рацете и никогаш, никогаш да не јадете сурово или недоволно варено свинско месо “, нагласи докторот.
Here’s a video I made breaking down one of the most insane X-Rays I’ve ever seen#FOAMed pic.twitter.com/wp8xtGFTV5
— Sam Ghali, M.D. (@EM_RESUS) January 16, 2025
И покрај шок снимката на овој конкретен пациент, има многу други евидентирани случаи на слични инфекции ширум светот, со еден забележан во Бразил во 2023 година. Како и д-р Гали, бразилскиот лекар предупредил: „Не сакате да го добиете ; Добро измијте ја храната пред да ја јадете “ .