Фармацевтската компанија „Реплек“ АД објави дека обезбедила финансиска рамка од 13 милиони евра за реализација на планираните инвестициски проекти во периодот 2025-2027 година. Оваа стратегија има за цел да го поддржи амбициозниот план за годишен раст од 25 проценти, соопштија од компанијата.
Со новите инвестиции, „Реплек“ ќе работи на проширување на портфолиото на производи, зголемување на своето пазарно учество и зацврстување на конкурентската позиција. Компанијата нагласува дека овие чекори се клучни за остварување на нејзините долгорочни цели и за одржување на водечката улога во фармацевтската индустрија.