Ресторан им даде ново име на ќебапите – граѓаните веднаш започнаа со шегите

Еден ресторан од Загреб претстави своја, но изменета верзија на познатите ќебапчиња, а покрај тоа тие добија и ново име – мљевеници.

Првичната замисла била да се направи нешто поразлично од познатите босански ќебапи, но со овој потег шегите на нивна сметка беа неизбежни.

„Се оствари милениумски сон! Мљевеник, а не ќебап!”, „Дали плескавицата сега е мљевеница?“, „Тогаш, јогуртот нека биде ’киселомљечно напиткало‘!“ „Ако ќебапот во Хрватска е „мљевеник“ (од мелено месо), тогаш ’ражничот‘ нека биде ’нанижник‘“, „А пак, бурекот – ’штрукли со месо‘“, се само дел од шегите.

Сепак, иноваторите на новото име од ресторанот може да се надеваат дека и лошата реклама е, сепак, реклама.