РЕЦЕПТ: Меки колачи – праски

Наскоро ни доаѓаат слави, а и Нова година, па затоа ви носиме еден пригоден рецепт за многу вкусни праски кои сите ги сакаме.

Состојки

За тесто:

  • 3 јајца
  • 180гр. шеќер
  • 2 прашок за пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • 230 мл зејтин
  • 500 грама обично брашно

Полнење:

  • ситно исецкани праски
  • 100гр мелени бисквити
  • 2 рум-шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 5 лажици џем
  • 100гр. стопено чоколадо
  • 100мл. млеко
  • арома на малина

Измешајте ги сите состојки освен брашното и во таа смеса додајте само неколку лажици брашно. Смесата ставете ја во фрижидер еден час.

По еден час се вади и се додава преостанатото брашно и се замесува мазно тесто.

Формирајте топчиња со саканата големина. Најдобро е да не се премали за да не пукнат кога ќе ја сечете средината, но и да не се преголеми бидејќи е незгодно ако не можат да се изедат во два залака.

Ставете ги малку одвоени на хартијата за печење, со која го обложивте плехот. Печете ги првите 10 минути на 100°C, а потоа зголемете ја температурата на 200°C и печете уште 10 минути.

За филот измешајте ги сите состојки и наполнете ги издлабените половини од праска.

Со малку вода подгответе арома за малини или кој било друг арома.

Можете да користите силиконска четка наместо наполнетите праски да ги потопите во разредениот аромат.

На крај, валкајте ги во гранулиран шеќер. Оставете преку ноќ да се исушат однадвор и да омекнат одвнатре.