Оваа крем салата со компири е вистинско освежување во летниот период.
Потребни состојки:
- 3 чаши варен компир исечен на коцки
- половина чаша грашок
- половина чаша морков исечен на лентички
- јаболко исечено на коцки
- сол
- бибер
- сок од лимон
- 125 гр. мајонез или кисела павлака
Подготовка:
Морковот и грашокот сварете ги во солена вода, но да не бидат премногу меки. Извадете ја водата и додека се топли измешајте ги со претходно сварениот компир, јаболкото и мајонезот.
Салатата зачинете ја со сок од лимон, сол и бибер и oставете малку да отстои пред да послужите за јадење.