РЕЦЕПТ: Омлет полн со протеини, но без јајца и млеко

Денеска ви носиме рецепт за веганска верзија на омлетот.

Потребни состојки:

  • 200 мл. соино млеко
  • 100 гр. брашно од наут
  • 2 лажици квасец
  • 1 лажичка оцет (јаболков)
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1/2 куркума
  • 1/2 лук (најдобро би било во прав),
  • сол
  • бибер
  • растително масло

Начин на подготовка:

Измешајте го брашното од наут со соиното млеко за да добиете мазна хомогена смеса. Додајте сода бикарбона и оцет, потоа добро измешајте и додадете квасец, сол, бибер, лук и куркума.

Во загреано масло истурете малку од смесата, и пржете околу пет минути на тивок огран додека не почнете да забележувате меурчиња по работ. Повторете ја постапката со преостанатата смеса.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното