РЕЦЕПТ: Пилешко во сос за 20 минути

Пилешко во сос за 20 минути

Состојки:

пилешко филе
5 чешниња лук
3 лажици мед
1 лажица оцет
20 гр путер
1 лажица масло
сол, бибер, мајчина душица

Подготовка:

Месото посолете и бибер, па пропржете го во тава во која сте загреале една лажица масло. Додадете го путерот во центарот на тавата. Истурете ја мајчината душица.

Онаму каде што ќе го ставите путерот да се растопи, додадете го издробениот лук. Оставете го така неколку минути, а потоа додадете мед и оцет. Пржете уште 3 минути на тивок оган.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното