РЕЦЕПТ: Вкусни омлет мафини кои се готови за само 10 минути

Со овој рецепт за само 10 минути ќе имате готови вкусни омлет мафини.

Еве што ви е потребно за 12 мафини:

  • Шест јајца
  • Шест лажици млеко
  • Шест лажици рендано сирење (по ваша желба)
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Најпрво одделете ги белките и жолчките, а потоа изматете ги жолчките и додадете ги сирењето и млекото.

Белките треба да ги изматите убаво, во поцврста форма, а потоа да ги префрлите во смесата со жолчките. Зачинувате по вкус и ги префрлате во калап или тава. Печете 10 минути (да заруменат).

Исто така можете да додадете зеленчук, суво месо, сè што сакате.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното