Ви го пренесуваме докажаниот најдобар рецепт за домашни колачиња со рум, кокос и чоколадо.
Состојки:
– 130 гр путер или маргарин;
– 130 гр шеќер;
– 1 јајце;
– 30 гр кокос;
– 50 гр чоколадо;
– 235 гр брашно;
– прашок за пециво;
– 2 лажици рум;
– по потреба брашно за тестото
Подготовка:
Чоколадото прво се ренда што е можно поситно за смесата да се соедини со останатите состојки. Изматете ги шеќерот, путерот/маргаринот и јајцето. Додадете ги сите други состојки и направете мазно тесто. Покријте го и оставете го да отстои половина час во фрижидер. Работната површина посипете ја со брашно и развлечете го тестото до дебелина од 5 мм. Направете ги саканите форми. Бисквитот ставете го во сад за печење обложен со хартија за печење. Печете ги 12 минути на 170 степени, пишува Danas.rs.
Ако сакате помалку печени бисквити, печете ги 10 минути. Ако сакате вашите бисквити да бидат крцкави кога ќе се изладат, печете ги 14 минути.
Пријатно!