Ароматично задоволство со атрактивен изглед што лесно се подготвува.
Состојки:
– 150 гр чоколадо
– 80 гр путер или маргарин
– 2 јајца
– 100 гр шеќер во прав
– 1 кесичка ванилин шеќер
– 180 гр брашно
– 30 гр какао во прав
– 1/2 лажичка прашок за пециво
– цимет и ѓумбир по вкус
За тркалање на топчињата:
– 100 гр шеќер во прав
Подготовка:
Чоколадото и путерот растопете ги на пареа или на ниска температура и изладете ги.
Јајцата се матат со шеќер во прав и ванилин шеќер.
Измешајте ги сувите состојки (брашно, какао во прав, прашок за пециво, цимет и ѓумбир) во сад.
Изладеното чоколадо со путер измешајте го во изматените јајца, па додадете ги сувите состојки и убаво измешајте.
Покријте го садот со фолија и ставете го во фрижидер околу еден час (можеби и подолго).
Покријте го плехот со хартија за печење и загрејте ја рерната на 180 степени.
Со лажица се зема тестото, се обликуваат топчиња (со големина на помал орев), се валкаат во шеќер во прав и се редат во тавата (направете простор меѓу топчињата бидејќи ќе нараснат при печењето).
Чоколадните крекери треба да се печат 10 минути.
Кога ќе се изладат, чувајте ги во затворен сад.
Белешки:
Од оваа количина добивате 46 бисквити.
Добар апетит!