Риба удри репортер во програма во живо: Известувала за најголемото невреме во последните 30 години

Норвешки репортер бил нокаутиран од риба додека известувал за силно невреме кое го зафати северот на Европа во близина на брегот!

Репортерот само успеа да стане, но голем бран за малку ќе го однесе во разбрануваното море.

Извонредниот момент, снимен од камерманот Дејвид Јоргенваг, ја истакна опасноста од известувањето во живо во екстремни временски услови и привлече вирално внимание.

Норвешка се бори со најголемата бура во последните 30 години, бидејќи ветровите со урагански сили погодија различни региони, достигнувајќи удари до 180 километри на час.

Силните ветрови однесоа автобус со 14 патници од патот во четвртокот рано наутро во близина на Лаердал, кој се наоѓа североисточно од Берген, вториот по големина град во Норвешка, но за среќа нема повредени.

Неколку области доживеаја поплави, што ги натера авиокомпаниите и операторите на траекти да ги прекинат услугите. Официјалните лица наредија затворање на училишта, патишта, тунели, мостови…

Водителот на австралиската телевизија, да потсетиме, стана и вирален хит откако непозната девојка ненадејно го бакна додека тој се подготвуваше за директен пренос во кој требаше да зборува за новиот пакет американска воена помош за Украина.