Веста број 1 во странските медиуми е дека „бремената Ријана“ раскинала со своето момче поради прељуба.
Креаторката на Фенти и една од најпознатите пејачки во светот – Ријана, наводно го оставила таткото на своето неродено дете Асап Роки, откако го фатила како ја изневерува со Амина Муади, која е дизајнерка на чевли на Фенти и поранешна девојка на Роки.
Новинар од Париз (@Louis_via_Roma) ја сподели оваа вест на својот Твитер:
Allegedly this happened during Paris Fashion Week. https://t.co/G5V6MnPim9
— LOUIS (@LOUIS_via_ROMA) April 14, 2022
– Ријана и Асап Роки раскинаа. Ријана му раскина откако го фати како ја изневерува со дизајнерката на чевли Амина Муади.
Тој додаде дека Асап и Амина излегле пред неколку години и дека соработувале на колекцијата на чевли.
Следеа бројни твитови на шокирани и разочарани обожаватели, но повеќето истакнаа дека не им веруваат на тврдењата дека Роки ја изневерил Ријана, како и дека е невозможно тоа да и го направи.
