Еден американски дипломат рече дека односите Америка – Косово се нарушени, и дека Владата на Косово е виновна за тоа поради таксата! Според него, Приштина сериозно ја ризикува својата иднина не само во ЕУ туку и се останато, доколку не се вратат безусловните преговори.
Америка не бара од Косово да и ја подари Месечината, туку да ја повлече таксата за српските и босанските производи, и да престане да ги нарушува билатералните односи со САД.
Оваа порака ја упати Филип Рикер, кој рече дека ја разбира фрустрацијата на Косоварите во однос на Србија, но не и не повлекувањето на таксата од Владата на Косово, иако тоа нешто, како што рече високиот американски функционер, го бара Америка.
“Граѓани на Косово, ви велиме дека ја разбираме вашата фрустрација и ја разбираме вашата желба да ја имате под контрола вашата иднина и да напредувате во вашата интеграција во меѓународниот систем. Не се дискутира за поддршката на САД во однос на сувереноста и вашата независност. САД има инвестирано важен капитал за успехот на Косово, како независна, мултиетничка и суверена држава. Стоиме зад вас, постојано! Неколку пати дојдовме со важни барања, и ова е еден од тие пати“ рече Рикер во Скопје, пренесува ТВ21.
Рикер е во Скопје, а учествува на дводневен семинар за безбедноста на регионалните релации и економскиот развој, “Балкан 360“.
По две недели, Филип Рикер ќе ја преземе должноста помошник државен секретар на САД. Вели дека односите Косово-САД се нарушени.
„САД, иако е партнер и ваш близок стратешки пријател, верувам дека постигнувањето на договор со Србија е единствениот пат за Косово кој води напред. Но, факт е дека Косово не може да се врати во преговори со Србија, доколку не ја повлече одлуката за такса. Ова, веруваме дека е во интерес на Косово, на Америка и на целиот регион“, изјави Рикер, пренесува ТВ21.
Според него, нормализирањето на односите меѓу Косово и Србија, во посредство со Европската унија, ќе биде следен случај, и нова можност за надминување на фундаменталните разлики, кои како што рече „ги држи во заложништво, не само овие две држави, туку и целиот регион“
Американскиот дипломат, истакна дека доколку се продолжи со ваков став далеку од преговарачка маса, тогаш ризикот би бил голем.
„Затоа е за жалење, искрено што ние сѐ уште имаме несогласувања со Владата на Косово за ова прашање. Се плашам дека ставот на Косово им наштети на нашите билатерални односи. Односи кои ние ги цениме. Затоа, во моментот кога ќе ја преземам мојата должност – помошник државен секретар за Европа, тоа ќе биде можност за придвижување напред.
Ние не ви ја бараме Месечината, туку само ограничено одложување на времето на таксата! Потоа, ќе видиме што ќе се постигне на преговарачката маса. Не треба да се потпише ниту еден договор доколку не се согласиме за сите аспекти. Косово не се откажува од ништо преговарајќи, туку ризикува сѐ непреговарајќи – истакна Филип Рикер, пренесува ТВ21.
Според него, враќањето на Косово и Србија на преговарачката маса „е историски и стратешки приоритет на САД“.
Американскиот дипломат исто така истакна дека без разлика на сите пречки, евентуалниот договор кој би бил резултат на дијалогот меѓу Приштина и Белград, не би добил согласност од САД, доколку нема договор за сите точки меѓу странките.
„Со меѓусебно признавање, сеопфатниот договор за да се нормализираат односите, ќе им овозможи на двете држави да се потпрат на нивниот целосен потенцијал за да ја остават историјата зад себе и насилството од деведесеттите години. Косово и Србија треба да се запрашаат – која е алтернативата за нормализирање на односите? И двете страни имаат многу да изгубат од замрзнат конфликт. Немањето договор значи помалку безбедност, побавен економски раст и замрзнување на аспирациите дека државата ќе стане дел од ЕУ“ – рече Рикер додавајќи дека „лидерите ѝ должат на својата јавност, за да ја прифатат потребата од компромис и да се вратат на преговарачката маса, место кое е најдобро за решавање на споровите“.
ФАТМИР АЛИУ