РКЕ: ЕВН Хоме ќе ги коригира сметките за домаќинствата со првпат фактурирана потрошувачка во четврт блок

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека (согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувач во краен случај, член 10 став 8 ), сите домаќинства кои добиле сметки за електрична енергија и имаат за прв пат фактурирана потрошувачка во четврт блок, ЕВН Хоме е должен да ги корегира сметките за електрична енергија и да направи соодветна распределба по блокови согласно историјатот на просечната потрошувачка на домаќинството во последните 3 пресметковни периоди.

Потрошувачите кои се незадоволни од пресметката на потрошената енергија и износот на сметката, (согласно член 37 од Законот за енергетика*, Правилата за снабдување со електрична енергија и Правилата за постапување на приговори и разрешување на спорови, потрошувачите за секоја фактура) имаат право да вложат приговор до универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ.

Доколку потрошувачот не е задоволен од добиениот одговор или не добијат одговор во законски предвидениот рок (од 8 дена), имаат право да поднесат приговор до РКЕ како второстепен орган. За приговорот до РКЕ нема пропишано посебна форма/формулар и кон истиот треба да приложат: копија од вложениот приговор до ЕВН ХОМЕ, одговорот од ЕВН ХОМЕ и копија од сметката по која приговараат.

Приговорот може да се достави во архивата на РКЕ или електронски по е-маил на [email protected] и [email protected] .

Против решенијата на РКЕ незадоволната странка може да поведе Управен спор.

Од 1 јануари 2025 година цената на струјата за просечна потрошувачка во сите четири блокови е зголемена за помалку од еден процент (0,92 %). Конкретно во прв блок цената е зголемена за 0,68%, додека во втор блок цената е зголемена за 0,90%.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад ги повикува политичките партии да не ги политизираат одлуките на РКЕ кое е независно тело.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното