Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), како и претседателот Марко Бислимоски, истакнуваат дека се отворени за соработка со сите надлежни институции со цел да се расчисти случајот што јавноста го дозна преку Финансиската полиција.
Од Комисијата информираат дека постапката за одземање на лиценца на компанијата „Тритерол Петрол“ е спроведена целосно согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, при што истите критериуми и рокови се применувале и за други компании баратели на лиценци.
РКЕ нагласува дека нема да коментира детали од случајот, оставајќи ги надлежните институции професионално да ја спроведат својата работа.
