Задоволство кое брзо се подготвува.
Состојки:
Темна мешавина:
– 125 гр шеќер
– 250 мл вода
– 1 кесичка ванилин шеќер
– 75 гр чоколадо
– 250 гр мелени бисквити
– 125 гр мелени ореви
– 1 лажица какао во прав
Фил:
– 125 гр путер/маргарин
– 125 гр шеќер во прав
– 125 гр мелени кикирики
Подготовка:
Зовријте вода и шеќер – варете неколку минути од моментот на вриење. Се трга од оган и се додава чоколадото и ванилиниот шеќер. Мешајте додека да се растопи чоколадото.
Додадете мелени бисквити, ореви и какао во прав. Со мешање соединете ги сите состојки.
Оставете ја смесата да се излади додека го подготвувате филот.
За филот, изматете го омекнатиот путер/маргаринот со шеќерот во прав додека не се запени, а потоа измешајте ги мелените кикирики.
Смесата од бисквити поделете ја на два еднакви дела.
За да ја формирате кората користете кесичка за замрзнување од 3 литри – ставете ја смесата, развлечете ја малку со раце, па израмнете ја со сукало за да направите рамна кора. Исечете го горниот дел од кесата и извадете ја.
Намачкајте половина од филот од кикирики и извртете го ролатот. Постапката е иста и за вториот ролат.
Чувајте го ролатот во фрижидер неколку часа пред да ги послужите.