Од денеска па во следните шест месеци, Романија ќе претседава со Европската Унија. Ова е прв пат оваа земја да биде претседавач со Унијата, и ја превзеде таа улога од Австрија, а после нејзе со ЕУ ќе претседава Финска.
Од Брисел во изминатите неколку дена изразија загриженост со оглед на фактот дека ова е прв пат оваа членка да биде претседавач. Меѓутоа Романија ги убеди челниците на ЕУ дека е подготвена за ваквиот чекор.
Приоритети за Романија ќе бидат проширување на Унијата со земјите од западен балкан.