Калиопи и Ромео се повторно двојка, како музички тим за снимањето на новиот материјал на поп-дивата. Поранешните брачни партнери, се заедно во Загреб, и во студио ги работат новите песни на Калиопи, објави таа на својот инстаграм профил.
„ Ромео знае што прави. Во нашата музика, во светот во кој живееме ги има најубавите нешта“, напиша Калиопи и додаде дека не може да дочека публиката да ѝ ги слушне новите песни.
Ромео и Калиопи беа во брак долги години, и го имаат синот Пако кој живе во Швајцарија. Тој е автор на повеќето хитови од албумот „Обои ме“. Како тандем повторно се соединија во 2012 година, кога Ромео беше дел од авторскиот тим на евровизискиот хит „Црно и бело“. Тој е автор на музиката и на аранжманот на песната „Дона“, со која Калиопи беше на Евросонг во Шведска во 2016 година како и на песните од албумот „Мелем“.
„Со Ромео би чекорела со врзани очи. До толку му верувам“, изјави Калиопи во претходно интревју на Евровизија во Шведска.
Калиопи пред некое направи една голема промена во својот изглед, ја скрати препознатливата долга црна косата. Новата фризура ја објави фотографија на социјалните мрежи, а фановите беа воодушевени. Останува да видиме дали можеби и таа започнува нешто ново на приватен или професионален план, или едноставно и требало ново освежување на изгледот. Мораме да признаеме изгледа подобро од било кога.
Погледнете како изгледа со новата фризура:
Извор: Женски магазин