Корисниците на социјалните мрежи ја оценија Џорџина Родригез како најубава, но и најдобро стилизирана дама на филмскиот фестивал кој моментално се одржува во Венеција.
Преубавата девојка на Кристијано Роналдо, 24-годишната Џорџина Родригез, заблескала на овогодишниот црвен тепих на 75-тото издание на филмскиот фестивал.
Егзотичната бринета позната по својот бронзен тен и заносните облини ги покажала сите свои адути во црна креација од тантела.
Необичниот фустан кој бил изработен од едноделно боди налик костим за капење и проѕирен материјал од тантела кој паѓал до подот, бил вистинскиот избор за Родригез. Позната како вљубеничка во фитнесот и здравата исхрана, партнерката на Роналдо ги покажала затегнатите нозе и цврстото деколте.
Која е Џорџина Родригез и од каде е?
Згодната убавица е родена во град во Шпанија, Хака на 27-ми јануари, 1995-та година.
Според шпанско списание, таткото на Џорџина, Хорхе Родригез е од Аргентина и е поранешен фудбалер. Истиот извор тврди дека нејзината мајка загинала во сообраќајна несреќа во 2011-та и оттогаш таа живее сама со татко ѝ.
Што работи?
Родригез моментално работи како модел во агенцијата Uno Models во Мадрид. Претходно работела како продажен асистент во продавница на Gucci. Таа учела англиски јазик во Лондон, а била и обучена танчерка.
Колку долго се во врска Џорџина и Кристијано и како се запознале?
Парот првпат беше поврзан во ноември 2016-та, кога беа забележани љубовни искри на нивната прошетка во Дизниленд Париз.