Росе Мицкоска по потекло од Македонија, родена во Мелбурн е супериорна во својата професија за недвижност. По кратка пауза таа му се врати на својот бизнис, каде не престанува да нижи успеси и да освојува награди и признанија.
Самата Росе работи за агенцијата „Harcourts“, од која доби и признание „Сребрена плакета“. До овој момент, кога севкупно ќе се соберат продадените куќи од страна на Мицкоска, сумата достигнува над еден милион долари.
Сепак, сето ова е само почеток со Росе, која во иднина се очекува да напредува уште побрзо. Во минатото таа исто така бележеше успеси во овој сектор, а со самото враќање на професијата, докажа дека е родена за таков успех.
Доколку сакате да остварите средба со Росе, таа се наоѓа во претставништвото на „Harcourts“ во Мил Парк, а исто така може да ја побарате и на социјалните мрежи како „Rose Mickoska“.
Извор: Поглед