Росица: Правда за Фросина мора да има, бараме одговорност од таткото и судијката!

Протест за смртта на младата Фросина Кулакова започна денеска во Кавадарци, а на собирот присуствуваше нејзината сестра, Росица.

Со голема болка и преку солзи, таа изјави дека случајот треба да добие вистинска правна завршница.

„Ние бараме правда за Фросина не само од убиецот, туку и од таткото. Бараме да се затвори таткото, да одговара Зоран Јованов, како и судијката Даниела Алексовска Стојановска, кои не излегоа да покажат сочуство кон нашето семејство, туку кукавички се кријат и ја бришат својата јавна активност. Правда за Фросина мора да постои и овој случај не смее да се повтори“, изјави Росица.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното