РЦУК Тетово излезе на терен поради лизгање на земјиштето во Голема Речица

Денеска екипа од Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово, предводена од Раководителот на РЦУК Тетово, излезе на терен со цел да ја утврди фактичката состојба на појавеното лизгање на земјиштето во село Голема Речица, на локалитетот познат како Бањиче.

При извршениот увид, се направи детална процена на теренските услови, промените на земјишната структура, како и можните ризици врз околните објекти, инфраструктурата и населението. Притоа беа евидентирани видливи поместувања на земјени маси, кои во наредниот период ќе продолжат да се следат со зголемено внимание.

За констатираната состојба, РЦУК – Тетово навремено ги извести Дирекцијата за заштита и спасување – Тетово, Кабинетот на Општина Тетово и СВР Тетово со цел навремена координација и преземање на соодветни мерки.