Каспер Руд дозна дека нема да биде на теренот во среда бидејќи Новак Ѓоковиќ реши да се повлече од Ролан Гарос откако го скина менискусот на коленото, а потоа Норвежанецот реши да објави порака.
Норвешкиот ас сега ќе има неколку дена одмор пред да излезе на теренот во петок. Сепак, тој реши да објасни колку е среќен што повторно стигна до полуфиналето, но и да му даде зборови на поддршка на Ѓоковиќ.
„Ова не е начинот на кој сакав да стигнам до полуфиналето овде на Ролан Гарос, но многу сум среќен што победив во понеделник и што ќе бидам тука во Париз со шанса да играм во петок. И јас му ги испраќам моите најдобри желби и му посакувам на Новак брзо закрепнување и се надевам дека наскоро ќе го видиме Ѓоковиќ на теренот“, изјави Руд.
