Руските војници ги зајакнуваат одбранбените позиции во украинската област Керсон, додека секојдневно со артилерија ги гранатираат областите под контрола на Киев, изјави украинскиот регионален гувернер Генадиј Лагута, цитиран од Ројтерс.
Хуманитарната ситуација во некои делови од регионот Керсон северно од Крим е критична, изјави Лагута на брифингот за медиумите.
Се вчитува...
Тој рече дека е речиси невозможно луѓето да ги напуштат окупираните територии. Исклучок од ова беше конвојот од 200 автомобили што тргна во средата.
