Русија ќе започне сопствена Википедија

На почетокот на следната година Русија ќе активира сајт наречен „ Знание Ноулиџ “, што ќе биде еквивалент на Википедија, изјави денеска рускиот министер за дигитален развој Максут Шадаев.

„Нашата главна задача е да отвориме сопствен портал, кој е ажуриран според податоците на Големата руска енциклопедија, а лансирањето е планирано за почетокот на следната година“, рече Шадаев.

На почетокот на годинава синџирот ресторани за брза храна Мекдоналдс ја напушти Русија поради нападот на Украина, а рускиот бизнисмен кој ги купи рестораните од Мекдоналдс отвори синџир наречен „Вкусно и точка“, кој е руската верзија на Мекдоналдс.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното