Русија најави нови санкции: „Трамп ќе го дочека изгорена земја“

САД воведоа нови санкции за рускиот енергетски сектор, што предизвика скок на цената на нафтата на меѓународните пазари во петокот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поздрави новите американски санкции против рускиот нафтен сектор и нејзината таканаречена флота на танкери во сенка.

Русија сега се огласи и за Санцки. „Со одлуката за воведување нови санкции, САД му оставаат изгорена земја на новиот претседател Доналд Трамп“, соопшти руското Министерство за надворешни работи, а пренесува РИА Новости.

„Идниот претседател, кој нема право да ги укине овие санкции без одобрение на Конгресот, останува со изгорена земја – буквално и преносно“, се додава во соопштението.

Руското Министерство наведува дека воведувањето нови ограничувања е обид да се предизвика барем одредена штета на руската економија, дури и ако тоа може да доведе до дестабилизација на светските пазари.

Министерството најави и одговор на овој американски потег, додавајќи дека „непријателските дејствија на Вашингтон ќе бидат земени предвид при развивањето на нашата надворешна економска стратегија“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното