Се поставува штит над складиштето за складирање потрошен нуклеарен отпад во нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина за да се заштити од гранатирање и беспилотни летала , изјави претставник на властите назначени од Русија во областа, цитиран од Ројтерс.
На видеата објавени од Владимир Рогов се гледа како работниците поставуваат заштитен екран од проѕирен материјал на жици над десетици бетонски цилиндри високи околу 5 метри.
Штитот ќе го заштити местото од шрапнели и експлозивни направи фрлени од беспилотни летала.
Битката за најголемата нуклеарна централа во Европа во 10-те месеци војна ги зголеми стравувањата од нуклеарна катастрофа како онаа во Чернобил во 1986 година. Киев и Москва се обвинуваат меѓусебно за непромислено гранатирање на централата, чии реактори се затворени. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков , во вторникот изјави за новинарите дека Русија останува во контакт со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која се обидува да преговара за демилитаризирана зона околу електраната.
„Веројатно е премногу рано да се каже дека сме блиску до договор. И не би го предвидувал времето на финализирање на преговарачкиот процес.
Ова во саботата го изјави постојаниот претставник на Русија во меѓународните организации во Виена , Михаил Улјанов , пренесува и Ројтерс, повикувајќи се на руската агенција ТАСС во саботата.