Едно контроверзно истражување во Русија, чии резултати биле објавени минатата недела, покажува дека поголемиот дел од испитаниците ја поддржува идејата дванаесетиот град по големина во Русија повторно се нарекува Сталинград, 60 години по неговото преименување во Волгоград.
Според резултатите од анкетите, 68% од Русите се залагаат за враќање на името, кое Волгоград го носеше од 1925 до 1961, а само 28% сака да остане неговиот моментален назив.
Интересно е што во самиот Волгоград анкетата открила дека жителите во нешто помал процент сака промена на името (48%).
Повеќе од 300 години до 1925 година, овој град се викал Царицин. ОД тогаш е преименуван во Сталинград, во чест на тогашниот лидер Јосиф Сталин. Градот останал во колективно паметење по случувањата во Втората светска војна и крвавата битка за Сталинград кога загинале близу 2 милиони лица.
