Неодамнешната вест од светските медиуми објавена викендов открива дека „Русија купила уште 92 авиони од странски лизинг компании и авиокомпании“ .
Ова го потврди и една од најголемите компании кои се занимаваат со изнајмување авиони, ирската AerCap од Даблин , пишуваат медиумите.
Пред неколку дена S7 Airlines објави дека постигнал договор со AerCap, ALC и SMBC Aviation Capital за купување на 45 авиони кои се префрлаат во сопственост на руската осигурителна компанија NSK. Авионите се купени со пари од рускиот национален развојен фонд. За трансакции се потрошени 2,06 милијарди долари (190 милијарди рубли) .
Од вкупно 92 авиони, 28 ги користи државната авиокомпанија „Аерофлот“, 45 „С7 ерлајнс“, а 19 „ Урал ерлајнс“.
Не е познато дали А320 Урал ерлајнс што слета на терен и чија судбина сè уште е неизвесна дали ќе биде вратен во сообраќај или ќе биде укинат е вклучен во договорот.
AerCap прецизираше дека – што се однесува до нивните поранешни авиони – спогодбата со S7 Airlines се однесува на 29 авиони и четири резервни мотори, а со Ural Airlines за 18 авиони и еден резервен мотор.
Двете трансакции со руски авиокомпании се одобрени од американското Министерство за трговија и Министерството за финансии на САД, според ирската корпорација.
Откако западните земји воведоа санкции во февруари 2022 година, Русија ги пререгистрира сите странски авиони во сопственост на лизинг компании на свои ознаки (RA-) без нивна согласност, пред да започне преговори за откуп.
Урал ерлајнс веќе најави повторно воспоставување на линијата до Обединетите Арапски Емирати.
Во мај 2022 година, Европскиот парламент донесе резолуција со која бара Русија да врати над 400 „украдени“ авиони од компаниите што ги изнајмиле.