Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската армија соборила украински авион Су-25 во регионот на Николаев, пренесе Ројтерс.
Тие изјавија и дека цел биле командните пунктови на украинската армија кај Харков.
УНИАН јавува дека во текот на ноќта била погодена библиотеката на гимназијата во Харков и дека пожарникарите за време на гаснењето нашле тело на едно лице.
„Руската авијација успешно користи модернизирани авиони Су-25СМ3 за време на воената операција во Украина. Тие се опремени со електронски борбен систем „Витебск-25“, кој ги штити од ракетни напади на преносни противвоздушни ракетни системи на непријателот“, пишуваат руските медиуми повикувајќи се на воени извори.
Како што е наведено, оваа модификација на јуришниот авион се користи главно во јужниот правец и во Донбас.
„Системите Витебск се наоѓаат на носачите на суспензија на авионот Су-25СМ3 и покажуваат високи перформанси и генерално доста успешно ги извршуваат своите задачи“, наведуваат руски извори, пренесе Спутник.
Најавено е дека вакви системи ќе бидат инсталирани и на хеликоптерите Ка-52 и Ми-8.