Руски хакери се обидуваат да ги саботираат претставниците на Украина на Евровизија, пишува Дејли меил.
Килнет, група која го поддржува Путин, на апликацијата Телеграм изјави дека ќе ги блокира серверите за гласање преку Интернет за Украина да не добие јавна поддршка на натпреварот.
„Не можете да гласате онлајн. Можеби за се е виновен нашиот ДДОС напад“, пишуваат во соопштението.
Имено, фолк-рап групата Калуш Оркестар станува се попопуларна низ Европа по руската инвазија на Украина во февруари, а на Русија и е забрането да се натпреварува на Евровизија.
Еден од организаторите на Евровизија изјави дека нема причина да се грижи за обидите за саботажа на интернет.
„Постојат голем број безбедносни мерки кои ја штитат нашата публика од какви било надворешни влијанија. Се разбира, така ќе биде и оваа година“, рече тој.
