РУСКИ ТУРИСТИ ЗАГИНАА ВО ЕГИПЕТ! Потона туристичка подморница!

Шест лица загинаа откако туристичка подморница потона кај Хургада, Египет. Сите шест жртви се руски државјани, потврди рускиот конзулат на тоа место, пренесе Ројтерс.

Во несреќата се повредени 9 лица, од кои 4 се во критична состојба.

Шест лица загинаа во Египет

Туристичката подморница наречена „Синбад“ превезувала 44 патници додека пловела по брегот на Хургада.

Спасувачките служби досега успеале да спасат 29 лица. Управата за безбедност на Црвеното Море добила дојава за потонување на туристичка подморница пред пристаништето на „познат хотел“ кој се уште не е именуван.

Извори потврдија дека Управата за здравство на Црвеното Море и Египетската служба за брза помош се ставени во максимална готовност по несреќата.

Во подморницата имало туристи од „разни националности“.

На местото на несреќата се испратени 20-тина возила на брза помош.

Патниците од „различни националности“ биле на патување да ги видат коралните гребени во Египет пред да потоне бродот.

Според локалните медиуми, подморницата веќе неколку години прави туристички патувања во Хургада.

Патниците биле на екскурзија пред да потоне подморницата, која наводно може да нурне до длабочина од 25 метри.

Според достапните информации, подморницата неколку години организирала туристички патувања во Хургада.

Причината и околностите за несреќата се уште не се потврдени.

Според генералниот конзул на Русија во Хургада, Викор Воропаев, повеќето од патниците се спасени и нивните животи не се во опасност, пренесе ТАС.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното