Руското Министерство за одбрана соопшти дека воен хеликоптер се урнал за време на тренинг лет на Крим.
Во таа прилика загинаа и двајцата пилоти, пренесува ТАСС.
Руското Министерство за одбрана посочи дека прелиминарната причина за несреќата е дефект на опремата. На местото на несреќата е испратена комисија на Генералштабот на руските воздухопловни сили со цел да се разјаснат сите причини и околности за несреќата.
Ми-28 е советски и руски напад хеликоптер дизајниран да бара и уништува тенкови и други оклопни возила, како и воздушни цели со мала брзина.