Има бројни примери на економски санкции наметнати на Русија кои ја урнаа рубљата, која сега вреди помалку од еден цент. Во секој случај, за CD Project Red рубљата повеќе не вреди толку, бидејќи ги повлече од рускиот пазар своите познати игри Witcher и Cyberpunk 2077.
Нивната објава на Твитер гласи: „Целиот тим на ЦД ПРОЕКТ стои цврсто со Украина. Иако ние не сме политичка организација или способни директно да влијаеме на државните работи и не планираме да бидеме, веруваме дека трговските субјекти, кога се обединети, имаат моќта за зајакнување на глобалната Знаеме дека играчите од Русија и Белорусија ќе бидат погодени од оваа одлука, иако тие немаат никаква врска со инвазијата на Украина, но со овој потег сакаме да ја поттикнеме глобалната заедница да зборува за тоа што се случува во срцето на Европа“.
Одлуката доаѓа во време на повиците до украинските власти да го бојкотираат рускиот пазар, а по филмската индустрија реагираше и светот на игрите. Да потсетиме, полското студио беше меѓу првите во светот кои изразија солидарност со Украина со донирање на милион полски злоти во добротворни цели.
