Македонија

Русковска остана без коментар откако Советот на јавни обвинители ѝ ја одби жалбата

Обвинителката Вилма Русковска за ТВ21 вели дека нема коментар по однос на денешната одлука на Советот на јавни обвинители кои пак ѝ ја одбија жалбата по однос на нејзината суспензија.

По ваквата одлука, шефицата на одделението за гонење на организиран криминал и корупција останува суспендирана.

Претходно, медиумите беа исклучени од седницата.

Суспензијата ја донесе јавниот обвинител Љубомир Јовески кој пак денеска не присуствуваше на седницата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни