Руслана во Ливерпул: Евровизиската ѕвезда игра додека го вее украинското знаме (ФОТО)

Евровизиската ѕвезда, легендарната Руслана, вечерва се појави на ова натпреварување во Ливерпул и го привлече вниманието на сите.

Имено, таа за време на гласањето се појавила завиткана во украинското знаме кое го вееше додека танцуваше.

Украинката ги разнесе сите со својот емотивен настап, а забележливо е дека изгледа подобро од било кога, бидејќи оваа година се навршуваат точно 20 години од нејзиниот настап на споменатото натпреварување.