Breaking Катастрофа во Венецуела: Серија од најсилните земјотреси во историјата на земјата, прогласена вонредна состојба
4NEWS.mk

Саат маало со иницијатива за поубаво Тетово

Тетовци кои живеат во Саат маало вчера одржаа заедничка еколошка акција за расчистување на нивниот парк и покренаа иницијатива „Пубоо“ (Поубаво) на социјалната мрежа Фејсбук, со идеја нивниот пример да го продолжат и другите сограѓани низ Тетово.

– Се собравме 20-тина маалци и го исчистивме паркот.  Идејата е заедно да придонесеме за поубаво наше маало. Чистата животна средина зависи од сите нас. Ние се собравме и ги собравме  отпадоците и го исчистивме зеленилото околу паркот, како и тротоарите и улиците. Побаравме од комуналното претпријатие на крај да дојдат и да го измијат местото со вода, што беше направено од нивните страна, вели Драган Гавровски, еден од иницијаторите.

Иницијативата е со цел да се зголеми свеста и совесноста кај луѓето, па и други тетовци да се приклучат во наредните акции на жителите на Саат маало. Исто така, целта е да се поттикнат и другите граѓаните на Тетово да почнат со расчистување на сметот расфрлан низ нивните населби.

– Мора да се одржува и понатаму таа чиста средина како што секој од нас по дома редовно се грижи за чистотата  и хигиената. Се надевам дека иницијативата ќе биде прифатена и од други маала и места низ градот, затоа што знаеме со колку многу расфрлан смет се соочува цело Тетово, рече Гавровски.

Саат маало е познато во Тетово и по својата мултикултурна слика.  Тука свои домови имаат семејства од сите етнички заедници, а карактеристика е нивното заедништво и соживот.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни