Саботажа ги запре возовите во северна Германија

Претходно денеска „Дојче Бан“ објави дека е нарушена работата на комуникацискиот систем.

„Поради саботажа што ги зафати каблите, Утринава Дојче Бан мораше да го прекине сообраќајот во северниот дел на земјата на речиси три часа“, објави германскиот државен железнички оператор.

Претходно денеска компанијата соопшти дека е нарушена работата на комуникацискиот систем.

„Шпигел“ објави, повикувајќи се на безбедносен извор, дека каблите на системот за радио комуникација се исечени на две места.

„Дојче бан“ попладне на „Твитер“ објави дека се уште има потешкотии во железничкиот сообраќај.

Изутрината беа прекинати железничките линии во провинциите Хамбург, Шлезвиг-Холштајн, Долна Саксонија и Бремен. Тоа влијаеше и на меѓународните линии што ја поврзуваат Германија со Данска и Холандија.

Во последниве години, Дојче Бан сè повеќе има проблеми со одложените и откажани возови поради слабости во инфраструктурата, забележува Ројтерс. Сепак, денешниот инцидент е алармантен сигнал, откако НАТО и ЕУ неодамна ја истакнаа потребата од заштита на критичната инфраструктура во врска со протекувањето на гасоводите „Северен тек“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното