Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави денеска соопшти дека дефицитот од октомври до декември 2024 година, во износ од 711 милијарди долари, е за 201 милијарда долари (39 отсто) поголем од дефицитот во истиот период претходната година.
Пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата следната недела, министерството го објави својот конечен извештај за буџетот, во кој се наведува дека во споменатиот период расходите драстично пораснале, додека приходите благо паднале, пренесе Ројтерс.
За декември, дефицитот од 87 милијарди долари се намали поради промената на календарските придобивки во споредба со дефицитот од 129 милијарди долари во декември 2023 година.
Според извештајот, приходите за дванаесеттиот месец се зголемени за шест отсто, на 454 милијарди долари, додека расходите се намалени за три отсто на 541 милијарда долари.