Ако сте планирале да ослабнете, а не сте голем љубител на теретана и групни вежби, а исто така сакате да постигнете резултати малку побрзо, секојдневното одење сметајте го како активност што ќе ви помогне да ослабете.
Експертите велат дека брзите методи за слабеење често имаат ефект на „бумеранг“ кога несаканите килограми брзо се враќаат, но тоа не е случај при одење.
За да се ослободите од несаканите килограми, бидете конзистентни и пешачете секој ден. Тоа значи околу 300 минути неделно, или еден час дневно, пет дена во неделата. Ако пешачите повеќе од еден час, резултатите ќе бидат побрзи и повпечатливи.
Променете го интензитетот на одење и обидете се да поминете растојание од 1,5 километри за 15 до 20 минути. Обрнете внимание на држењето на телото. Ако имате тешкотии и не можете да одите по еден час секој ден, обидете се да одржувате интервал од десет минути пешачење шест пати.