Само една лажичка од најстариот зачин на светот го штити срцето, го регулира шеќерот и лошиот холестерол

Сега е време за најстариот зачин на светот, кој е познат по својот ароматичен мирис и прекрасниот, богат вкус.

Циметот е зачин познат по својот ароматичен мирис и прекрасниот, богат вкус, но и по здравствените придобивки. Покрај тоа што дава посебен акцент на јадењата, носи и бројни здравствени придобивки. Се добива од внатрешната кора на дрвото цимет, чие научно име е Cinnamomum. Се користи како прехранбена состојка низ историјата, уште од времето на древниот Египет.

Некогаш бил редок и многу ценет, па се користел како подарок за кралевите. Денес, циметот е достапен за секого и може да се купи во повеќето супермаркети, а се користи и како состојка во многу рецепти. Постојат два главни типа на цимет: цејлонски цимет, кој е познат и како „вистински“ цимет и касија цимет, кој е најчестиот вид денес и на што луѓето обично мислат кога зборуваат за цимет.

Помага при габични инфекции
Циметот има антимикробни својства кои помагаат во лекувањето на габични инфекции.

Го штити срцето
Содржи супстанции кои помагаат да се намалат предизвикувачите за развој на срцеви заболувања, како што се триглицериди, холестерол и покачен шеќер во крвта.

Го намалува нивото на шеќер во крвта
Истражувањата покажаа дека циметот го намалува нивото на шеќер во крвта на гладно и го подобрува нивото на хемоглобин.

Работи како превенција за Алцхајмерова болест
Циметот содржи хранливи материи кои можат да ги спречат симптомите на Алцхајмеровата болест и да ги подобрат способностите за размислување и одлучување.

Го намалува ризикот од рак
Едно истражување покажа дека цинамалдехидот присутен во циметот може да има антиканцерогени својства, благодарение на што овој зачин може да го намали ризикот од развој на рак.