Само една од 800 згради во Карпош ги исполнува сите прописи!

Од досегашната контрола на станбените објекти во општина Карпош утврдено е дека само една од 330 згради што имаат доставено и обработени податоци во општината ги исполнува сите законски прописи за безбедност, соопшти денеска градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски..

„Инаку општина Карпош има 880 згради и 1.500 влезови. Значи, до сега одговориле 330 и уште 250 се јавиле на нашите телефони за дополнителни инструкции. Од онаа контрола што е направена од нашите инспекциски служби, само една зграда е исправна, како што викаат по ПС (правила на службата). Значи има 41 противпожарен апарат. Во 18 станови исто така има ПП апарати. Има повеќе апарати со ЦО2 за гасење на пожар од електрична инсталација. Има уште еден специјален систем за гасење на пожар, панични светла и се што треба по ПС. Значи само една зграда во Карпош е таква каква што треба, како што бара законот. За жал не можеме истото да го кажеме за другите згради“, вели Јакимовски.

Градоначалникот на општина Карпош, Јакимовски, изрази незадоволство од соработката со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), посочувајќи дека иако општинските служби ги праќаат информациите, не добиваат повратен одговор. Тој истакна дека ДЗС не реагира во координација со општината, што ја отежнува работата.

Во однос на контролите на објектите, Јакимовски информираше за 21 казна издадена на локали кои не започнале постапка за обновување на дозволи, како и за 1 казна за неисполнување на еколошките стандарди. Додаде дека два ноќни клубови, Пјур и Мош, не соработуваат со инспекторите, а еден од нив се заканувал дека „е закон“. Градоначалникот нагласи дека ќе се продолжи со постапките според законот, вклучувајќи ги и дивоградбите.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното