Пред почетокот на доказната постапка, Обвинителството на брифинг со новинарите најави дека во судницата ќе бидат презентирани судско-медицински протоколи, обдукциски наоди и целокупната документација поврзана со причините за смртта на загинатите.
Тие посочија дека ќе биде образложено сè што е констатирано при обдукциите, како и причините зошто на дел од прашањата поставени во првичната наредба од Обвинителството не биле дадени одговори во првата фаза. Според нив, тие дилеми ќе бидат расчистени во текот на постапката преку дополнителни појаснувања и вештачења.
Најава има и дека во процесот ќе се повикува и на член 392 од Законот, со детално објаснување за неговата примена во конкретниот предмет.
„Докажуваме многу околности, а не само искрите за пожарот“, рече обвинителката на брифинг.
Според нив, јавноста ќе слушне многу детали, особено за последиците што настанале, но потенцираше дека не станува збор само за гасовите, туку за целокупниот амбиент и сите околности утврдени преку вештачењата.
