Министерството за внатрешни работи информираше дека актерот Сашко Коцев вчера при бегање, повредил полицаец.
„Во 19.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, С.К., управувајќи возило „фолксваген“ не застанал на знак за запирање даден од полициски службеник кој извршувал службени дејствија, агресивно се однесувал, по што со возилото го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото“, велат од МВР.
Според нив, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Коцев во изјава за „Слободен печат“ демантира дека удрил во полицаец.
„Не ги видов дека биле полицајци. Беа во цивилка, не знаев дека се полициска придружба. Не беа униформирани. Јас ги прашав кои сте вие да блокирате пат и си продолжив со возилото, а тој ми одговори „сега ќе видиш кој сум“. Јас брзав, детето ми плачеше позади. Но, не го удрив, тој се поттргна“, посочи Коцев за СП.