СДСМ денеска ќе му достави документи на премиерот Мицкоски за скандалот со Меџити

Во 11.00 часот денеска во Владата на Република Северна Македонија СДСМ ќе му достави документи на премиерот Мицкоски за скандалот со Меџити, велат во соопштение од СДСМ.
„СДСМ чувствува одговорност да реагира веднаш откако премиерот Мицкоски јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата.
Пред да бидат документите предадени во Владата изјава за медиуми ќе даде портпаролката на партијата, Богданка Кузеска (11.00 часот, пред зградата на Владата)“, стои во соопштението на СДСМ.
Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното