СДСМ го поздравува бришењето на снимката на Ахмети со униформа на УЧК

Од СДСМ велат дека го поздравуваат бришењето на националистичкото видео со воени униформи на лидерот на ДУИ, Али Ахмети со што директно признал дека таквата политика не е добра и воопшто не носи добро ниту на земјата ниту на граѓаните.

„Но сепак со новите неосновани напади на ДУИ кон СДСМ во однос на Албанците покажува дека за жал партијата не се откажува од нивната единствена стратегија на постојано подгревање поделби и етнички тензии.

ДУИ треба конечно да се одважи и да ги напушти овие националистички политики и да разбере дека се несоодветни за нашето мултиетничко општество.

Последните напади на ДУИ кон СДСМ со измислени договори се со единствена цел да ги прикријат нивните тајни договори со ДПМНЕ и нивната соработката.

Само ќе ги потсетиме на гласањето закони во Собранието заедно со ДПМНЕ, обезбедувањето Бадентерово мнозинство, па се до последните скандали, како слободното пуштање на Артан Груби преку границата.

СДСМ секогаш ќе биде гласен против национализмот, поделбите и популизмот, без разлика од каде доаѓа“, велат од СДСМ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното