СДСМ избира нов лидер на партијата

Опозициската СДСМ денеска на внатрепартиски избори ќе избира нов претседател на партијата.

Гласањето се одржува на 77 избирачки места, додека право на глас имаат околу 23 илјади пријавени членови на партијата.

Во трка за лидерската фотелја се екс министерот за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и поранешниот заменик министер во МИОА, Александар Бајдевски.

Заедничко за тројцата кандидати е што сите најавуваат реформи во партијата, како и обединување на целото членство.

Во оваа трка учествуваше и екс министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска, но во текот на вчерашниот ден си ја повлече кандидатурата.

Гласањето започна во 8 часот, а ќе заврши во 20 часот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното